Who cast that first fateful tomato that started the La Tomatina revolution? The reality is no one knows. Maybe it was an anti-Franco rebellion, or a carnival that got out of hand. According to the most popular version of the story, during the 1945 festival of Los Gigantes (a giant paper mâché puppet parade), locals were looking to stage a brawl to get some attention. They happened upon a vegetable cart nearby and started hurling ripe tomatoes. Innocent onlookers got involved until the scene escalated into a massive melee of flying fruit. The instigators had to repay the tomato vendors, but that didn't stop the recurrence of more tomato fights—and the birth of a new tradition.
Fearful of an unruly escalation, authorities enacted, relaxed, and then reinstated a series of bans in the 1950s. In 1951, locals who defied the law were imprisoned until public outcry called for their release. The most famous effrontery to the tomato bans happened in 1957 when proponents held a mock tomato funeral complete with a coffin and procession. After 1957, the local government decided to roll with the punches, set a few rules in place, and embraced the wacky tradition.
Though the tomatoes take center stage, a week of festivities lead up to the final showdown. It's a celebration of Buñol's patron saints, the Virgin Mary and St. Louis Bertrand, with street parades, music, and fireworks in joyous Spanish fashion. To build up your strength for the impending brawl, an epic paella is served on the eve of the battle, showcasing an iconic Valencian dish of rice, seafood, saffron, and olive oil.
Today, this unfettered festival has some measure of order. Organizers have gone so far as to cultivate a special variety of unpalatable tomatoes just for the annual event. Festivities kick off around 10 a.m. when participants race to grab a ham fixed atop a greasy pole. Onlookers hose the scramblers with water while singing and dancing in the streets. When the church bell strikes noon, trucks packed with tomatoes roll into town, while chants of "To-ma-te, to-ma-te!" reach a crescendo.
Then, with the firing of a water cannon, the main event begins. That's the green light for crushing and launching tomatoes in all-out attacks against fellow participants. Long distance tomato lobbers, point-blank assassins, and medium range hook shots. Whatever your technique, by the time it's over, you will look (and feel) quite different. Nearly an hour later, tomato-soaked bombers are left to play in a sea of squishy street salsa with little left resembling a tomato to be found. A second cannon shot signals the end of the battle. | Кој го фрли првиот судбоносен домат што ја започна револуцијата Томатина? Всушност, никој не знае. Можеби бил некој бунтовник против Франко или некој карневал што излегол од контрола. Според најпопуларната верзија на приказната, во текот на фестивалот Лос Гигантес (голема парада на хартиени кукли) во 1945 год., мештаните наумиле да предизвикаат некаква мешаница за да привлечат внимание. Наишле на некој камион со зеленчук и почнале да гаѓаат со зрели домати. И невините минувачи биле вовлечени, сè додека случката не се претворила во огромна бркотница со летечки плодови. Иницијаторите морале да им исплатат на продавачите на домати за штетата, но тоа не било пречка да се повтори тепачката со домати - и да се роди нова традиција. Стравувајќи од претерана ескалација, власта во ’50-тите години вовела, ги повлекла и повторно вовела низа забрани. Во 1951 год., оние што го прекршиле законот биле затворени, сè додека граѓаните не почнале да протестираат за нивно ослободување. Најпознато е бунтувањето против „доматните“ забрани што се случило во 1957 год., кога поборниците одржале божемен погреб на домати, сосе ковчег и поворка. По 1957 год., локалната власт решила повеќе да не се спротивставува, утврдила неколку правила и ја прифатила оваа откачена традиција. Иако доматите се во центарот на случувањата, пред да се случи конечната пресметка се празнува цела недела. Се празнуваат светците-заштитници на Буњол, Девица Марија и Св. Луј Бертран, со улични паради, музика и огномет во весел шпански стил. За добивање сила за претстојната тепачка, вечерта пред борбата се служи грандиозна паеља, што го претставува типичното валенсијанско јадење од ориз, морски плодови, шафран и маслиново масло. Денес, овој фестивал без ограничувања има извесен ред. Организаторите дури и почнаа да одгледуваат специјален вид на нејадливи домати специјално за овој годишен настан. Празнувањето почнува околу 10 часот претпладне, кога учесниците се натпреваруваат да дофатат пршута закачена на врвот на лизгав столб. Набљудувачите пеат и танцуваат по улиците и ги прскаат со вода оние што се качувале. Кога црковното ѕвоно ќе означи пладне, во градот пристигнуваат камиони преполни со домати, додека скандирањето „То-ма-те, то-ма-те!“ го достигнува својот врв. Потоа, со испукувањето на воден топ, започнува главниот настан. Тоа е зеленото светло да се почне со фрлање и уништување на доматите во отворени напади против другите учесници. Параболи од далеку, директни удари од непосредна близина и хорок удари од средна дистанца. Каква и да е вашата техника, кога сето тоа ќе заврши, изгледате (и се чувствувате) доста поинаку. По речиси еден час, напаѓачите, целите извалкани со домати, остануваат да се забавуваат во уличното море од згмечени домати, каде нема преостанато речиси ниту еден цел домат. Повторното испукување на топот го означува крајот на борбата. |