Живееме во едно од станчињата на повеќекатни градежни комплекси, кои се засолниште на одреден број семејства од средната класа. Но, членовите на семејството обични мачки (Felis Domestica), кои му фрлија око на нашиот градежен комплекс, би можеле во секој случај да ги надминат по број членовите на семејството хомо сапиенс. А тоа е така бидејќи овие четвороножни суштества со канџи што се вовлекуваат навнатре можат да им се пофалат на своите братучеди од дивината – лавовите, тигрите, рисовите и оцелотите – со тоа дека немаат никаков страв во наша близина. Растечкиот број на мачки со девет животи во своите канџи им пречи секому, но од друга страна тој како на шега им дозволува на многумина да здивнат.
Мачките во нашето маало имаат строг систем на ограничување на територијата. На приземје, на првиот и вториот кат, ловците на глувци си се движат на своите катови освен во тек на ловот на пленот во кујната, преку линиите на демаркација на територијата. Балконот е исклучиво резервиран за младите, а понекогаш уживаат на него и аристократските мачки кои потекнуваат од Сијам и коишто таму понекогаш се лижат и се сончаат. Некои од мачорите наоѓаат удобни катчиња за предење во сон на местенца каде што не е можно да се патролира, како што е бутката на домарот, во којашто би наишле на некое кутро пријателче што придремува. Господ им дарил на овие мачки двојни гласни жици: првите за предење, вторите за мјаукање, така што некои од канџестите сопрани во нашата населба ги држат сите жители будни со своите ноќни оркестри во посебни пригоди.
Некои од жителите кои сакаат да бидат чисти како мачки во чевличиња се иритирани кога овие сиви мачки создаваат хаос од нивните работи. Станарите со соколов предаторски вид сметаат одлучно дека мачките треба да се истераат со бич. Но, оние благонаклонети гулапчиња, се неодлучни, па чекаат да видат како ќе се развие ситуацијата. Ете, на крајот не знаеме кој ќе ја изврши оваа ризична задача!