Живееме во еден од оние мали апартмани во комплексот од повеќекатни згради што обезбедуваат засолниште на бројни фамилии од средната класа. Но, членовите на фамилијата Felis Domestica , што го сакаат нашиот комплекс, би можеле многу лесно да го надминат бројот на Homo Sapiens. Бидејќи овие четириножци со вовлекливи свитливи нокти што можат да се пофалат со своите, не многу напредни, роднини- лавови, тигрови, рисови, и оцелоти не се плашат од никој кој е во наша близина. Зголемувачката мачкина популација со девет животи и кренати свитливи нокти не вознемирува никој, но за многумина таа е шеговито олеснување.
Овие мачки од нашата авенија имаат сопствени строги разграничувања на територијата. Во приземјето, првиот и вториот спрат, фаќачите на глувци остануваат во своите спратови, освен гладните грабачи во кујните што ги преминуваат линиите на контролата. Терасата е резервирана исклучиво за младите а повремено ја користат аристократите од некогашните сијамски мачки за да си го лижаат телото и да се сончаат. Некои од мачорите наоѓаат згодни агли, за да предат во сонот и тоа на места каде нема многу простор за да една мачка ја менува положбата, такви, како што е кабината на чуварот, каде што можат да го најдат кутриот човек во краток сон. Господ ги надарил овие мачки со два гласовни изрази, еден за предење и друг за мјаукање а некои од мачкините сопрана од нашата заедница, со своите ноќни оркестри при посебни прилики, ги одржуваат будни сите жители.
Некои од жителите кои сакаат да бидат чисти како мачка со влечки се разлутуваат кога овие сиви мачки им ги разбркуваат нивните работи. Јастребите меѓу жителите сметаат дека овие мачки треба да бидат истерани со деветожилен камшик. Но гулабите се нерешителни додека чекаат да видат на која страна скока мачката. Па така, не можеме да знаеме кој ќе се осмели да ризикува.