Живееме во еден од малите станчиња во комплекс со повеќекатници, кои се засолниште за голем број на семејства од средна класа. Но, членовите од Фелис Деместика семејството на кои им се допадна комплексот може веќе и се помногубројни од Хомо Сапиенсите. Зашто овие четириножници со канџи што се повлекуваат, надмени над нивните блиски роднини – лавовите, тигрите, рисови и оцелоти, не се плашат од никого во соседството. Зголемувањето на 9- животната мачешка популација им смета на сите, но засмејува дел од нив (но им дава олеснување преку смеа на многу).
Овие мачки во нашата авенија имаат свои строги разграничувања за територијата. Мачките на приземјето, првиот и вториот кат се држат до своите катови, освен за гладните прошетки во кујните преку линиите на контрола. Терасата е исклучиво резервирана за младенчињата и повремено користeна од поранешните сијамски аристократи за нега на телото и сончање. Некои од мачорите наоѓаат удобни агли за дремка на места кои што се малечки, како што е кабината на чуварот, каде што можеби и го нашле сиротиот како дреме. Бог ги дарил овие мачки со две гласовни кутии, една за предење, а друга за мјаукање и неколку од сопрано- мачките во нашиот крај ги одржуваат будни сите жители со своите ноќни завивања во специјалните прилики.
Некои од станарите кои сакаат да бидат чисти како мачка со шарено крзно, се нервираат кога овие сиви мачки им ги расипуваат работите. Грабливците меѓу жителите сметаат дека овие мачки треба да се истераат сосе деветтоопашен камшик. Сепак, гулабите се неопределени и чекаат да видат накај тера ова. Па, не знаеме кој е храбриот што ќе се нафати!