Ce que je vais raconter de ma première nuit de New York fera sourire les Américains;
aussi bien est-ce dans ce but que je l'écris. Dans un livre du merveilleux Rudyard Kipling,
je me rappelle avoir lu les épouvantes du sauvage Mowgli la première fois qu'il coucha
dans une cabane close: l'impression de sentir un toit au-dessus de sa tête lui devint bientôt
si intolérable, qu'il fut obligé d'aller s'étendre dehors à la belle étoile. Eh bien! J'ai presque
subi cette nuit une petite angoisse analogue, et c'étaient les gratte-ciel, c'étaient les grandes
lettres réclames au-dessus de moi, c'étaient les grands tonneaux rouges montés sur leurs
échasses de fonte; trop de choses en l'air, vraiment, pas assez de calme là-haut. Et puis, ces
six millions d'êtres humains tassés alentour, ce foisonnement de monde, cette superposition à
outrance oppressaient mon sommeil. Oh! Les gratte-ciel, déformés et allongés en rêve! Un en
particulier (celui du trust des caoutchoucs, si je ne m'abuse), un qui surgit là très proche, un
tout en marbre qui doit être d'un poids à faire frémir! Il m'écrasait comme une surcharge, et
parfois quelque hallucination me le montrait incliné et croulant...
C'est dimanche aujourd'hui; le matin se lève dans une brume lourde et moite; il fera une
des chaudes journées de cette saison automnale qu'on appelle ici «l'été indien». Sur New
York pèse la torpeur des dimanches anglais et, dans les avenues, les voitures électriques
ont consenti une trêve d'agitation. Rien à faire, les théâtres chôment et demain seulement je
pourrai commencer à suivre les répétitions du drame qui m'a amené en Amérique. Mais dans
le voisinage, tout près, il y a Central Park, que j'aperçois par ma fenêtre, avec ses arbres déjà
effeuillés; j'irai donc là, chercher un peu d'air et de paix. | Toa што ќе го раскажам за мојата прва ноќ во Њујорк ќе ги насмее Американците; токму и со таа цел го пишувам ова. Во една книга на чудесниот Радјард Киплинг се сеќавам дека прочитав за ужасот на дивиот Могли кога првпат спиел во затворена колиба: чувството да има покрив над глава наскоро му станало толку неподносливо што бил принуден да оди да се испружи надвор под отворено небо. Е баш така! Оваа ноќ речиси и да доживеав слична мала вознемиреност, беа тука облакодерите, големите букви-реклами над мене, беа тука големите црвени буриња качени на ногалки од лиено железо; премногу нешта во воздухот, навистина без доволно спокој на небото. И плус овие шест милиони човечки суштества набиени наоколу, овој вриеж од луѓе, оваа прекумерна натрупаност ми го задушуваше сонот. Ох! Облакодерите, деформирани и издолжени во сонот! Посебно еден (тој на монополот за каучук, ако не грешам), тој што никнува сега многу блиску, целиот од мермер кој сигурно е толку многу тежок што ме стресува! Ме смачкуваше како бреме, а одвреме-навреме во некоја халуцинација како да се навалуваше и уриваше ... Денес е недела; утрото осамна во тешка и влажна магла; ќе биде еден од тие врели есенски денови кои овде се нарекуваат „индијанско лето“. Врз Њујорк се надвисна мртвилото на англиските недели а, по авениите, електричните возила се договорија малку да починат. Нема што да се прави, театрите штрајкуваат и дури утре ќе можам да почнам да ги следам пробите на драмата која ме донесе во Америка. Но, во соседството, сосем блиску, е Централ парк, кој го забележувам од мојот прозорец, со своите дрвја веќе соголени од лисја; и така, ќе одам таму по малку воздух и мир.
|